Фановите на Новак Ѓоковиќ неодамна дознаа дека нивниот миленик купил две стана во Њујорк, а пред да се реши на тоа тој испазари и еден апартман во Мајами. На социјалните мрежи се појави една фотографија од неговиот апартман во Мајами кој изгледа нависина одлично.
Она што паѓа во очи е неверојатниот поглед на градот кој го има Србинот од едната од собите која има само стаклени ѕидови. Меѓу другото, неговиот имот на Мајами има подно греење, базен со солена вода, соба за дневен престој со библиотека и бар, фитнес соба и соба за медитација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.