| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Аболициран криминалец нема да ја води Македонија, ниту ќе добие просоросова Влада

Република Македонија нема да биде водена од аболициран криминалец, ниту ќе добие просоросова Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните на 11-ти декември ја дадоа својата поддршка за излез од кризата и гласаа за проекти, реформи и развој. Граѓаните на 11 декември ставија крај на деструкцијата и велепредавствата кои ги промовираше СДСМ како нивна политика. Зоран Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој ги газел и игнорирал Уставот и законите на Република Македонија. Единствено што знае еден аболициран криминалец е да лаже и манипулира, а не да ги толкува Уставот и законите“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, политичката кариера на Заев заврши на 11 декември.

„Најгласната порака што ја испратија граѓаните е дека тој мора да одговара и за барањето поткуп, и за велепредавство и за сите криминални тендери за кои се врзува неговото име“, се додава во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top