| четврток, 6 декември 2018 |

Кавтичник бронзениот медал го плати со тешка повреда на коленото и не жали за тоа

vid kavticnik

Капитенот на репрезентацијата на Словенија, Вид Кавтичник, на натпреварот за бронзениот медал на СП против Хрватска го повреди коленото. Лекарските прегледи потврдија дека се работи за сериозна повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено. Кавтичник како што објави на својот фејсбук профил, утре се враќа во Монпелје на дополнителчни прегледи. Доколку се потврдат првичните прогнози, 32-годишниот Словенец го очекува долга пауза.

– Ако требало да го загубам коленото за медалот, тогаш вредеше – изјави капитенот на словенечката репрезентација по саботниот победа против Хрватска.

Вид Кавтичник е еден од поискусните играчи во словенечката репрезентација. Тој беше дел од составот на Словенија што освои сребро на ЕП 2004, а како капитен сега ја предводеше својата репрезентација во освојувањето на брознениот медал на СП во Франција, прв за Словенија на ракометните мундијали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top