Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Земја на љубовта“ од исландската писателка Одни Еир. Романот е добитник на Наградата за литература на Европската унија во 2014 година и седум недели бил на листата на најпродавани книги. Преводот на македонски е на Мери Кицовска.
„Земја на љубовта“ е напишана во форма на дневник и опишува период од животот на главната хероина во кој таа е задлабочена во потрагата по место каде што припаѓа и каде што би се вдомила. Парадоксално, ова ја носи на различни патувања, физички и психички, низ времето и низ просторот, со цел да ги пронајде одговорите на прашањата што се однесуваат не само на неа туку и на целото човештво. Таа истражува различни начини на живот, се задлабочува во различни типови врски и размислува за својата поврзаност со семејството, со земјата и со нацијата. Се обидува да пронајде животна рамнотежа.
Оваа книга е најпознатото дело на Одни Еир, за кое таа има добиено голем број награди. Со „Земја на љубовта“ таа доведува до совршенство една маргинална книжевна форма како што е дневникот.
Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија.
Одни Еир (1972) е исландска писателка. Докторирала на Сорбона. Преведува и редактира книжевни дела. Организира уметнички настани во своите галериски простори во Њујорк и во Рејкјавик, во соработка со нејзиниот брат, археолог по професија. Имаат и своја издавачка куќа. Авторка е на три автобиографски романи.
Мери Кицовска (Скопје, 1977) е преведувач и толкувач по англиски и исландски јазик. Во периодот од 2001 година до 2009 година живее и работи во Рејкјавик, Исланд, каде што, покрај другото, го изучува и го усовршува исландскиот јазик. Од англиски на македонски и обратно има преведено голем број текстови и дела. Од исландски на македонски досега превела две книги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Антолог“ ја најави добитничката на наградата „BookStar“ 2018 : Во Скопје доаѓа Славенка Дракулиќ
-
„Антолог“ објави две обновени лектирни изданија од Александар Кујунџиски
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах