Селекторот на Словенија Црногорецот Веселин Вујовиќ влегува во ракометната историја на оваа земја бидејќи ја освои првата бронза за репрезентацијата на „змајчеки“ на светските првенства.
Во дуелот за третото место на Светското првенство во Франција во балканското дерби одиграно во Париз, ракометарите на Словенија имаа негатива од 8 гола, но не се предадоа и во еден луд финиш направија неверојатен пресврт и славеа заслужена победа над Хрватска со 31-30 (13-18).
И двата селектори се одлучија мечот да го започнат без многу тактизирање, се играше брз и атрактивен ракомет, а прва се одлепи Хрватска откако со двата гола од контра на трагичарот од вчерашниот полуфинален меч против Норвешка, Хорват, поведе со 7-4. Одличниот Маргуч беше единствената светла точка кај Словенците и ракометар кој ја одржуваше својата екипа во живот, но разиграните Хрвата константно ја зголемуваа резултатската предност. Максималните +6 „коцкестите“ ги имаа во 29. минута кого за 18-12 погоди Лука Циндриќ, а на одмор се замина со 18-13 откако со звукот на сирената погоди Доленец.
Словенија раштимано го започна и вториот дел, Доленец и Габер промашија зицери, а „коцкестите“ со две контри стигнаа до највисока предност до тој момент од +8 (24-16). На 15 минути до крајот Словенија успеа да намали на -5, но денес немилосрден беше Штрлек, кој со својот петти гол од исто толку обиди ја врати предноста на +6 за Хрватска. Пред самиот финиш на мечот хрватските ракометари влегоа во голема криза, а тоа Словенија на најдобар можен начин го искористи и на само три минути до крајот успеа да израмни за тогашни 29-29.
Најпрецизни на денешниот меч беа ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ со седум гола и десното крило Штрлек кој реализираше пет шести пати. Шебетиќ, Дувњак и Хорват надополнаја со по четири, а кај словенците Безјак Цингесар и Маргуч постигаа по 4, а Благотиншек 3. Мора да се истакне дека дури 12 ракометари на Словенија се запишаа во листата на стрелци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.