Во седиштето на Демократската унија за интеграции (ДУИ) во тетовска Мала Речица се одржува состанок на Централното претседателство во проширен состав со присуство на градоначалници, поранешни пратеници, претседатели на ограноци и други видни членови на ДУИ. На состанокот, како што информираат од партијата, треба да се донесе конечен став во врска со формирањето нова влада со ВМРО-ДПМНЕ и за други опции.
Портпаролот на партијата Бујар Османи синоќа изјави дека во партијата се анализираат сите аргументи затоа што мора да донесат правилна одлука бидејќи најважен е интересот на граѓаните.
– Се разгледуваат сите опции „за“ и „против“, оти знаеме за важноста на оваа одлука. Ситуацијата е деликатна, роковите се кратки, ќе продолжиме и во текот на утрешниот ден со овие консултации, рече Османи во изјава за новинарите пред седиштето на партијата во Мала Речица.
Засега нема информација колку време ќе трае состанокот на ДУИ во Мала Речица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.