Хрватска загуби од Норвешка во полуфиналето од Светското ракометно првенство во Франција, а со тоа ја продолжија негативната низа, која трае од 2012 година.
На Европското првенство во Австрија во 2010 година, во полуфиналето Хрватска ја победи Полска (24-21), а тоа е последниот пат кога „коцкестите“ биле успешни во оваа фаза. По таа победа, Хрватите запишаа шест последователни порази во полуфиналињата на големите натпреварувања.
Хрватска – Србија 22-26 (ЕП, 2012 година)
Хрватска – Данска 24-30 (ОИ, 2012 година)
Хрватска – Данска 27-29 (ЕП, 2014 година)
Хрватска – Шпанија 29-33 (ЕП, 2016 година)
Хрватска – Норвешка 25-28 (СП, 2017 година)
Дуелот против Словенија за третото место исто така не им оди во прилог на хрватските репрезентативци, кои последен пат победиле во овој натпревар за бронзата на Европското првенство во 2013 година, во дуелот против словенечката репрезентација (31-26).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.