| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Прилеп додели 100.000 евра за ФК Победа и 60.000 евра за РК Прилеп

prilep

На денешната средба со претседателите на двата најголеми и најпопуларни спортски клубови во Прилеп, ФК Победа и РК Прилеп, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески вети финансиската поддршка на овие два клуба. Фудбалскиот клуб ќе добие 100.000 евра, а ракометниот 60.000 евра.

Од општина Прилеп се произнесоа и околу градбите околу градскиот стадион „Гоце Делчев“.

– Проектите се при крај, тендерот ќе биде распишан наредната недела и после изборот на фирмата веднаш се започнува со изградба на стадионот. Следува реконструкција на трибините, покривање на трибините, реконструкција на соблекувалните, изградба на ВИП ложи. Вкупната инвестиција ќе биде над 1.5 милиони евра, од кои 750.000 евра се обезбедени како донација од УЕФА преку ФФМ. Покрај трибините ќе се работи на нов терен и дренажа и поставување на рефлектори. Комплетното завршување на стадионот треба да се случи во оваа 2017 година по договорот кој го имаме со ФФМ и УЕФА – рече прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.

Прилепските клубови имаа турболентна есен и со оваа финансиска поддршка очекуваат подобри денови во новата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top