Ракометниот суперлигаш Прилеп се соочува со големи проблеми и распад, откако главниот спонзор ја откажа „љубовта“, а ракометарите беа оставени во неизвесност, пишува Гол.мк.
Новиот градоначалник на Прилеп веќе нема да двои средства за тимот, по што на сите ракометари им било соопштено дека се слободни да си бараат нов клуб. Со олглед што овој проблем доаѓа на паузата, не би требало да биде проблем за ракометарите да си најдат нова средина.
Иднината на Прилеп барем засега е неизвесна, а не е исклучена можноста клубот да го снајде најцрното сценарио – целосен колапс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.