Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги додели претходно најавените 150 милиони евра компензација за клубовите за последното Европско првенство во Франција, а мал дел од колачот им припадна и на пет македонски клубови.
Компензацијата за клубовите е договорена меѓу УЕФА и ЕЦА (Европската асоцијација на клубови), а конкретно за првенството во Франција и квалификациите кои му претходеа, најголема компензација доби италијанскиот првак Јувентус.
Парите се поделени на вкупно 614 клубови од 54 земји, а кај Јувентус завршиле 3,48 милиони евра, додека следни според надоместот се Ливерпул, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Арсенал и Барселона.
Според официјалниот документ за распределба на парите објавен од ЕЦА, кај македонските клубови завршиле 325.890 евра, од кои најмногу добива Вардар (148.584), а потоа следуваат Работнички (115.248), Шкендија (31.028), Металург (26.595) и Брегалница 4.432 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.