Аналитичарот Александар Даштевски порача дека ВМРО- ДПМНЕ не смее да попушти на приказната дека поради СЈО некој не би смеел да биде во владата.
„Ако сега ВМРО-ДПМНЕ попушти со приказната дека поради СЈО можел некој да не е во владата, во иднина народот ќе гласа, а чадорот ќе бира премиери и министри во Македонија, на сметка на народот. И тоа и од ВМРО и од ДУИ и од СДСМ и од сите други.
Од ВМРО и ДУИ зависи дали Македонија ќе е суверена држава каде што народот ги донесува одлуките за тоа кој ќе биде власт, премиер или министер, или ќе стане протекторат.
ВМРО-ДПМНЕ го гласаа 455 илјади гласачи за да не го дозволи тоа. На сите, и на Македонците и на Албанците ни е јасно дека не е ни до СЈО, ни до Груевски, ни до ВМРО. До чадорот е! Тоа што некои албански политичари од различни партии зборуваат исти тези секој ден како навиени, само го докажува ова“, објави Даштевски на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


