| четврток, 6 декември 2018 |

Афтершоковите нема да запрат

Кра­јот на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка и оп­штес­тве­на кри­за не мо­же да се по­вр­зе со фор­ми­ра­ње­то на но­ва­та ма­ке­дон­ска вла­да. Фор­ми­ра­ње­то ста­бил­на и од­го­вор­на вла­да мо­же да ја уб­ла­жи ка­тар­за­та што ја жи­вее Ма­ке­до­ни­ја од та­ка­на­ре­че­ни­от „црн по­не­дел­ник“ што се слу­чи на 24 де­кем­ври 2012 го­ди­на, но ни­ка­ко не смее да се по­мис­ли де­ка да­ту­мот ко­га Со­бра­ни­е­то ќе кре­не ра­ка за но­ви­от со­став на нај­ви­со­ко­то те­ло на из­врш­на­та власт ќе оз­на­чи крај на кри­за­та и по­че­ток на ста­бил­но­ста. При­чи­ни­те по­втор­но ќе би­дат ком­би­на­ци­ја од до­маш­ни и од над­во­реш­ни фа­кто­ри кои иа­ко се­га се раз­лич­ни од пред две го­ди­ни, се до­вол­но моќ­ни за да ја спре­чат Ма­ке­до­ни­ја да се свр­ти кон се­бе и кон сво­и­те гра­ѓа­ни, кои со го­ди­ни со­ну­ва­ат за се­којд­не­вие не­оп­то­ва­ре­но со по­ли­тич­ки ин­три­ги, со дра­ми, со на­силс­тво по ули­ци­те, со те­ро­ри­стич­ки на­па­ди во кои ги­нат по­ли­цај­ци, со по­вре­де­ни при­пад­ни­ци на МВР од ра­це­те на нив­ни со­гра­ѓа­ни, со об­ја­ву­ва­ње иле­гал­но при­ба­ве­ни при­ват­ни раз­го­во­ри, со вра­ќа­ње во глав­на уло­га на раз­уз­на­ва­чи кои цик­лич­но си по­и­гру­ва­ат со др­жа­ва­та, пра­ктич­но со це­ла ни­за слу­чу­ва­ња што гра­ѓа­ни­те, фир­ми­те и ин­сти­ту­ци­и­те ги по­ста­ви­ја во пат по­зи­ци­ја

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Са­мо по­ли­тич­ки ла­ик де­но­ви­ве мо­же да по­мис­ли де­ка фор­ми­ра­ње­то но­ва вла­да мо­же да ја вра­ти рам­но­те­жа­та во по­ли­ти­ка­та, биз­ни­сот и во жи­во­тот ко­ја со по­ма­ли по­тре­си Ма­ке­до­ни­ја ја жи­ве­е­ше до но­ем­ври 2010 го­ди­на ко­га пра­ктич­но поч­на пос­лед­на­та од мно­гу­те ма­ке­дон­ски по­ли­тич­ки кри­зи. Шан­си­те по из­бо­ри­те и ман­да­тот што го до­би ВМРО-ДПМНЕ за да фор­ми­ра вла­да што ќе ја од­не­се зем­ја­та во мир­ни во­ди се ми­ни­мал­ни, ре­чи­си ни­ка­кви. Пре­се­да­ни­те во на­чи­нот на кој функ­ци­о­ни­раа по­ли­тич­ки­те пар­тии во пос­лед­ни­те шест го­ди­ни по­ста­ви­ја ур­нек ка­ко ќе се од­не­су­ва­ат и во ид­ни­на опо­зи­ци­ја­та и вла­ста без раз­ли­ка на нив­на­та мо­мен­тал­на си­ту­а­ци­ја.

 

Вла­да ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

До­кол­ку две­те нај­го­ле­ми пар­тии во ма­ке­дон­ски­от и во ал­бан­ски­от ет­нич­ки блок оста­нат на до­го­во­рот од мај 2007 го­ди­на и про­дол­жат да ја во­дат др­жа­ва­та, ду­ри и со двај­ца­та пра­те­ни­ци на ДПА, кои би мо­же­ле да ја за­јак­нат пар­ла­мен­тар­на­та опо­зи­ци­ја, не мо­жат да се на­де­ва­ат на мир­но по­ли­тич­ко мо­ре.

Од ед­на стра­на, за оче­ку­ва­ње е де­ка опо­зи­ци­ја­та оку­ра­же­на од зго­ле­ме­ни­от број гла­со­ви осво­е­ни на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри ќе про­дол­жи со бло­ка­да­та на ин­сти­ту­ци­и­те и на актив­но­сти­те на вла­да­та, а, од дру­га стра­на, пред сѐ, ДУИ ќе има се­ри­о­зен проб­лем да се фо­ку­си­ра на вла­ди­ни­те при­о­ри­те­ти. Ра­ди­ка­ли­зи­ра­но­то ал­бан­ско гла­сач­ко те­ло, на кое За­ев им ги отво­ри очи­те, не­ма да му доз­во­ли на Ах­ме­ти да про­дол­жи по ста­ро. Ли­де­рот на ДУИ ќе мо­ра по­сто­ја­но да им до­ка­жу­ва на Ал­бан­ци­те де­ка тој е по­го­лем па­па од па­па­та, од­нос­но де­ка е по­го­лем Ал­ба­нец од За­ев, и со цел да по­ка­же де­ка на­ви­сти­на се бо­ри за ал­бан­ска­та ка­у­за во не­дог­лед ќе из­мис­лу­ва но­ви ба­ра­ња ду­ри и ко­га знае де­ка тие се не­ре­ал­ни.

Ра­ди­ка­ли­за­ци­ја­та кај ДУИ е уште по­по­треб­на и по­ра­ди ло­кал­ни­те из­бо­ри што тре­ба да се слу­чат оваа про­лет, а на кои кан­ди­да­ти­те на Ах­ме­ти ќе се со­о­чат со за­ед­нич­ки фронт на си­те оста­на­ти ал­бан­ски пар­тии кои за­ед­нич­ки ќе се оби­дат да по­бе­дат во Те­то­во, Го­сти­вар, Де­бар и во дру­ги­те оп­шти­ни ка­де што Ал­бан­ци­те се мно­зин­ска за­ед­ни­ца, вклу­чи­тел­но и во Стру­га и во Ки­че­во кои во 2005 го­ди­на СДСМ со те­ри­то­ри­јал­на­та по­дел­ба ги пре­тво­ри од до­ми­нант­но ма­ке­дон­ски град­ски оп­шти­ни во пре­теж­но ал­бан­ски ру­рал­ни оп­шти­ни.

Ко­га ве­ќе ли­де­рот на СДСМ ја нач­на те­ма­та за фе­де­ра­ли­за­ци­ја и кан­то­ни­за­ци­ја и ко­га нај­а­ви дво­ја­зич­ност на те­ри­то­ри­ја­та на це­ла зем­ја, ло­гич­но е Ах­ме­ти да ги при­фа­ти, а по­тоа и да ги до­ра­бо­ти овие пра­ша­ња со цел да ги вра­ти сво­и­те по­тен­ци­јал­ни 70 ил­ја­ди гла­са­чи што ги за­гу­би на 11 де­кем­ври. Во та­кви ус­ло­ви, со­о­че­ни со но­ви и не­ре­ал­ни ба­ра­ња, за парт­не­ри­те од ВМРО-ДПМНЕ ќе би­де иск­лу­чи­тел­но те­шко да про­дол­жат со сво­и­те при­о­ри­те­ти за­тоа што об­је­ктив­но и тие ќе има­ат проб­лем да ги об­јас­нат ба­ра­ња­та на ДУИ пред сво­и­те 450 ил­ја­ди гла­са­чи.

Ре­чи­си е из­вес­но де­ка оваа си­ту­а­ци­ја ќе до­не­се по­сто­ја­ни пре­пу­ку­ва­ња ме­ѓу вла­ди­ни­те парт­не­ри кои не­ма да ѝ до­не­сат ни­што до­бро ни­ту на ДУИ, ни­ту на ВМРО–ДПМНЕ, ни­ту на Ма­ке­до­ни­ја. Единс­тве­на­та до­бра ра­бо­та што мо­же да се слу­чи е оваа вла­да да соз­да­де ус­ло­ви за но­ви пред­вре­ме­ни из­бо­ри по кои по­лес­но ќе мо­же да се фор­ми­ра ста­бил­на вла­да.

Иа­ко СДСМ во след­ни­те ме­се­ци, со ог­лед на про­ме­ни­те кај дел од нив­ни­те нај­сил­ни под­др­жу­ва­чи, ќе ја не­ма до­се­гаш­на­та под­др­шка, јас­но е де­ка ќе има си­ли по­втор­но со про­те­сти и со на­силс­тво да се оби­де да ја ур­не вла­да­та во ко­ја не­ма да би­де со­ста­вен дел.

kol230-gm-2

Вла­да СДСМ – ДУИ – Бе­са – Се­ла

Оваа ва­ри­јан­та за из­врш­на­та власт во старт би зна­че­ла нај­мал­ку ве­ту­ва­ња за дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја и уште ни­за дру­ги бе­не­фи­ции кои не се дел од Охрид­ски­от до­го­вор, на што е ло­гич­но ВМРО-ДПМНЕ да ре­а­ги­ра со ма­сов­ни про­те­сти и бло­ка­да на ин­сти­ту­ци­и­те. За раз­ли­ка од Гру­ев­ски, кој ка­ко пре­ми­ер ќе мо­же да пре­го­ва­ра со ДУИ, За­ев не­ма да мо­же да од­бие по­ви­со­ко ни­во на др­жав­ност за Ал­бан­ци­те за­тоа што тој ток­му на таа кар­та би до­шол во си­ту­а­ци­ја да фор­ми­ра вла­да. Во та­ква си­ту­а­ци­ја За­ев ќе се со­о­чи и со бунт во сопс­тве­ни­те ре­до­ви за­тоа што е јас­но де­ка и го­лем дел од не­го­ви­те со­пар­тиј­ци, кол­ку и да са­ка­ат Гру­ев­ски и ВМРО-ДПМНЕ да за­ми­нат во исто­ри­ја­та, не­ма да се сог­ла­сат со ре­ви­зи­ја на Охрид­ски­от до­го­вор и на Уста­вот и до­де­лу­ва­ње на Ал­бан­ци­те пра­ва ка­кви што не­ма ни­ед­на дру­га ет­нич­ка или ја­зич­на мал­цин­ска гру­па во уни­тар­на др­жа­ва, со што авто­мат­ски се по­ста­ву­ва ка­ко те­ма и пра­ша­ње­то за фе­де­ра­ли­за­ци­ја иа­ко тоа За­ев го не­ги­ра и ќе го не­ги­ра ка­ко ре­ал­ност.

До­пол­ни­тел­на опас­ност од оваа вла­да е и сце­на­ри­о­то кое се разг­ле­ду­ва во опо­зи­ци­ски­те ре­до­ви за „ки­не­ње на гла­ва­та на зми­ја­та“, од­нос­но за ап­се­ње на це­ли­от врв на ВМРО- ДПМНЕ со цел да се оне­воз­мо­жи пар­ти­ја­та со­од­вет­но да се ор­га­ни­зи­ра ка­ко опо­зи­ци­ја до­де­ка СДСМ не ги зац­вр­сти по­зи­ци­и­те со сво­и­те ал­бан­ски парт­не­ри. Ова опас­но сце­на­рио е из­вод­ли­во со ог­лед на поч­на­ти­те пред­ме­ти од Ка­ти­ца Ја­не­ва со кои ве­ќе има за цел го­лем дел од вр­вот на ВМРО-ДПМНЕ и мо­же да из­ва­ди сто­ти­на ил­ја­ди на­род на ули­ца и до­пол­ни­тел­но да ја втур­не Ма­ке­до­ни­ја не са­мо во уште ед­на го­ле­ма кри­за, ту­ку и во бра­то­у­бис­тве­на вој­на. На­вод­ни­от план за ап­се­ње три­е­се­ти­на чле­на на ВМРО–ДПМНЕ, кој тре­ба да би­де во­вед во це­лос­на „де­мон­та­жа“ на по­бед­ни­кот на пос­лед­ни­те из­бо­ри, е сце­на­рио што не го по­са­ку­ва­ат нај­го­лем дел од ра­ко­водс­тво­то на СДСМ, но во си­ту­а­ци­ја ко­га нив­ни­те најг­лас­ни под­др­жу­ва­чи и дел од стран­ци­те го по­са­ку­ва­ат тоа, а ни­во­то на жел­ба­та за ре­ван­ши­зам е огром­но, не смее да се иск­лу­чи и тоа сце­на­рио.

 

Ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја

Иа­ко, на­ви­дум, оваа ва­ри­јан­та на кра­ток рок е нај­без­бол­на, фор­ми­ра­ње­то ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја на долг рок мо­же са­мо да ги тур­не ре­ал­ни­те проб­ле­ми под те­пих, но ни­ка­ко не­ма да ре­ши не­кој од проб­ле­ми­те. На­про­тив, ри­ва­ли­те­тот ме­ѓу ми­ни­стри­те, без раз­ли­ка да­ли се пар­ти­ски прет­став­ни­ци или екс­пер­ти пред­ло­же­ни од пар­ти­и­те, са­мо до­пол­ни­тел­но ќе отво­ри конф­ли­кти што ќе ги бло­ки­ра­ат ин­сти­ту­ци­и­те и фир­ми­те. Во оваа вла­да по­втор­но не мо­жат да би­дат за­не­ма­ре­ни ба­ра­ња­та на ал­бан­ски­от блок, кој не­ма да мо­же да се отка­же од нив по­ра­ди стра­вот де­ка за тоа ќе би­дат каз­не­ти од гла­са­чи­те. Во си­ту­а­ци­ја ко­га Бе­са има до­вол­но ре­сур­си во опо­зи­ци­ја да тур­ка ве­ли­ко­ал­бан­ска и ис­лам­ска аген­да и та­ка да по­ен­ти­ра кај ал­бан­ски­те гла­са­чи, ДУИ по­втор­но ќе мо­ра да би­де ра­ди­кал­на и со тоа да соз­да­де тен­зии во го­ле­ма­та ко­а­ли­ци­ја кои си­гур­но не­ма да би­дат ко­рис­ни за функ­ци­о­ни­ра­ње­то на вла­да­та. Фор­ми­ра­ње­то вла­да со под­др­шка на си­те пар­ла­мен­тар­ни пар­тии или са­мо од нај­го­ле­ми­те че­ти­ри мо­же да би­де ко­рис­на са­мо до­кол­ку има до­го­во­рен рок на тра­е­ње од не­кол­ку ме­се­ци. Сѐ по­дол­го е ка­та­стро­фал­но за Ма­ке­до­ни­ја за­тоа што во си­ту­а­ци­ја ко­га не мо­же да се из­ме­рат ре­зул­та­ти­те, ќе вле­зе­ме во урав­ни­ло­вка во ко­ја си­те пар­тии ме­ѓу­себ­но ќе се об­ви­ну­ва­ат за гре­шки­те, што се­ка­ко ќе би­де на ште­та на гра­ѓа­ни­те.

kol230-gm-3

Стран­ци­те и кри­за­та

Ма­ке­до­ни­ја ни­ко­гаш не би­ла изо­ли­ран остров ка­де што по­ли­ти­ка­та за­ви­се­ла са­мо од вна­треш­ни­те со­стој­би. Та­ка би­ло и во СФРЈ ко­га се че­ка­ло став од Бел­град, та­ка е и се­га ко­га за нај­го­лем дел од ра­бо­ти­те по­стои ус­ло­вен реф­лекс и се че­ка на по­зи­ци­ја­та од Бри­сел и од Ва­шин­гтон. Проб­ле­мот или пред­но­ста, за­ви­си кој ка­ко гле­да на овие ра­бо­ти, се­га е во тоа што ЕУ е прем­но­гу за­фа­те­на со се­бе, а ни­кој со си­гур­ност не мо­же да ка­же ка­ко ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Трамп ќе се од­не­су­ва со Бал­ка­нот и со Ма­ке­до­ни­ја.

Иа­ко мал­ку е ве­ро­јат­но де­ка Ва­шинг­тон по 25 го­ди­ни и де­се­ти­ци ми­ли­јар­ди до­ла­ри по­тро­ше­ни во ре­ги­о­нот ќе се сог­ла­си да го пре­пу­шти на Ру­си­ја, не тре­ба це­лос­но да се иск­лу­чи мож­но­ста де­ка се­ко­ја од зем­ји­те во ре­ги­о­нот ќе би­де оста­ве­на са­ма да ре­ша­ва ка­ква по­ли­ти­ка ќе гра­ди во овој кон­текст. За Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја и со дра­ма­тич­но на­ма­ле­на под­др­шка за НА­ТО и за ЕУ, ова во­оп­што не е и не­ма да би­де ре­ал­на ди­ле­ма за­тоа што во зем­ја­та не­ма се­ри­оз­ни раз­и­ду­ва­ња око­лу евро­ат­лан­ски­те ин­те­гра­ции ка­ко единс­твен над­во­реш­но­по­ли­тич­ки при­о­ри­тет.

Се­пак, во овој кон­текст по­сто­јат две отво­ре­ни ди­ле­ми. Пр­во, што ако од Бри­сел отво­ре­но ни по­ра­ча­ат де­ка Ма­ке­до­ни­ја не ја гле­да­ат ка­ко дел од Се­вер­но­ат­лант­ска­та али­јан­са и од Европ­ска­та уни­ја и, вто­ро, што ако во па­ке­тот на но­ви­от аме­ри­кан­ски др­жа­вен се­кре­тар Рекс Тај­лер­сон (кој е до­бит­ник на ру­ски др­жа­вен ор­ден, кој му го до­де­лил лич­но Пу­тин) це­ли­от Бал­кан или гру­па­та зем­ји што сѐ уште не се дел од НА­ТО и од ЕУ до­би­јат но­ва по­зи­ци­ја во но­ва­та по­дел­ба на ин­те­рес­ни зо­ни на су­пер­си­ли­те. По­стои и тре­то пра­ша­ње кое исто та­ка е ре­ле­вант­но и осо­бе­но важ­но за Ма­ке­до­ни­ја. Што ако по ини­ци­јал­на­та по­зи­тив­на ре­то­ри­ка ме­ѓу Трамп и Пу­тин дој­де до не­сог­ла­су­ва­ња ме­ѓу САД и Ру­си­ја и нив­ни­от су­дир про­дол­жи со уште по­сил­но тем­по од тоа што го гле­дав­ме во пос­лед­ни­те три го­ди­ни од по­че­то­кот на укра­ин­ска­та кри­за. Збо­ро­ви­те на пре­тсе­да­те­лот Трамп, кој из­ја­ви де­ка са­ка до­бри од­но­си со Ру­си­ја, но и де­ка тој нај­до­бро ќе знае ка­ко да се каз­ни Ру­си­ја ако би­де по­треб­но да се вле­зе во конф­ликт со неа, вле­ва­ат до­пол­ни­тел­на до­за опас­ност за Ма­ке­до­ни­ја и за Бал­ка­нот. При­чи­на­та за тоа е што ли­ни­ја­та на ог­нот ме­ѓу Ру­си­ја и САД, ко­ја ја про­мо­ви­ра­ше јав­но по­ра­неш­ни­от др­жа­вен се­кре­тар Џон Ке­ри и за ко­ја се по­твр­ди де­ка по­стои, не мо­же да би­де из­бри­ша­на пре­ку ноќ. Ка­ко што раз­ли­ки­те ме­ѓу две­те су­пер­си­ли што по­сто­јат во ни­за дру­ги об­ла­сти не мо­жат да би­дат над­ми­на­ти без се­ри­о­зен ком­про­мис, за кој ре­ал­но не се под­го­тве­ни ни­ту Пу­тин ни­ту Трамп, кој со сво­ја­та ина­у­гу­ра­ци­ја, всуш­ност, ја поч­на кам­па­ња­та за сво­јот втор ман­дат.

(Текст објавен во 230. број на неделникот Република, 27.01.2017)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top