| четврток, 6 декември 2018 |

Германската владејачка коалиција очекува брзо формирање влада со Груевски на чело

133542441

– Очекуваме брзо формирање на новата македонска влада под раководство на Никола Груевски, изјави вчера Тобијас Зек, пратеник во германскиот Бундестаг од владејачката коалиција на Ангела Меркел и потпретседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

– Многу е важно и корисно тоа што пред изборите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски имаше средби со пријателите во Европската народна партија, како во Берлин, така и во Минхен. Очекуваме брзо формирање нова влада со Груевски на чело. Со задоволство очекуваме во иднина да имаме силна и плодна соработка со нашиот партнер на Западниот Балкан – изјави Зек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top