Натали Портман (35) го очекува второто дете со сопругот Бенжамин Мајлпад, францускиот кореограф. Двојката веќе го има петгодишниот син Алеп. Неодамна ја доби третата номинација за „Оскар“ за филмот „Џеки“ и се најде меѓу одличните актерки кои се на насловната страница на холивудското издание на магазинот „Венити фер“.
На црно-белата фотографија таа позира со свилена бела наметка, слично како Деми Мур на светски популарната насловна од 1991 година.
Двете фотографии ги направи Ени Лејбовиц.
Освен Портман, на насловната страница се уште и Ема Стоун, Еми Адамс, Лупита Нионг’о, Рут Нега, сестрите Дакота Фенинг и Ел Фенинг, Грета Гервинг, Аџа Наоми Кинг и Џанел Мона.
Единаесетте ѕвезди на филмското платно имаат вкупно 12 номинации за „Оскар“ и две освоени златни статуетки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.