| четврток, 6 декември 2018 |

Натали Портман роди девојче

Неколку дена пред доделувањето на престижните награди „Оскар“, актерката Натали Портман се породи и роди здраво девојче кое го доби името Амалија.

– Мајката и бебето се среќни и здрави – пишува во соопштението за јавноста.

Натали се очекуваше да присуствува на Оскарите, бидејќи беше номинирана за наградата Најдобра актерка за филмот „Џеки“.

Холивудската ѕвезда и францускиот танчар и кореограф Бенџамин Мијипје се запознаа во 2009 година на снимањето на филмскиот хит „Црн лебед“ во кој Натали ја имаше главната улога, а Бенџамин беше кореограф. Тие стапија во брак во август 2012 година и се родители на 5-годишниот Алеф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top