| четврток, 6 декември 2018 |

Демократија на американски начин – Губитникот признава пораз, насилниците одат в затвор

Ненад Мирчевски

Ненад Мирчевски

Јав­ни­от по­вик на Џорџ Со­рос за вој­на про­тив си­те не­под­др­жу­ва­чи на „отво­ре­но­то оп­штес­тво“, ка­ко и ор­га­ни­зи­ра­ње­то на­сил­ни про­те­сти во по­ве­ќе гра­до­ви во САД вед­наш по ина­у­гу­ра­ци­ја­та на 45. аме­ри­кан­ски пре­тсе­да­тел До­налд Трамп, за мо­мент со сли­ка и тон нѐ вра­ти на скоп­ски­те ули­ци во екот на та­ка­на­ре­че­на­та Ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја со ко­ја тре­ба­ше на­сил­но да би­де ур­на­та ле­гал­но из­бра­на­та власт. Сли­ки­те од Ва­шин­гтон ка­ко да беа прес­ли­ка­ни од Скоп­је, а на­сил­ни­те сце­ни ре­чи­си иден­тич­но се сов­па­ѓа­ат со ов­деш­ни­те на­па­ди врз по­ли­ци­ја­та, вклу­чи­тел­но и про­прат­на­та ко­ре­о­гра­фи­ја. Цр­но­то сце­на­рио за на­сил­ни про­те­сти кое на­о­ѓа при­ме­на во се­ко­ја зем­ја во све­тот ка­де што му се по­треб­ни не­ре­ди и кри­за на газ­да Со­рос, стиг­на и во зем­ја­та на по­тек­ло. Ова е уште еден до­каз по­ве­ќе де­ка на­ши­ве пла­те­ни­чи­ња не би­ле ни­ту кре­а­тив­ни, ни­ту ин­вен­тив­ни во ос­мис­лу­ва­ње­то на пла­но­ви­те за про­те­сти. На­про­тив, вре­ска­ле и уни­шту­ва­ле др­жа­вен имот спо­ред упат­ство­то на­пи­ша­но во при­рач­ни­кот за ури­ва­ње вла­ди. Ли­ца без сопс­твен иден­ти­тет, кои без­по­го­вор­но ја при­фа­ќа­ат иде­о­ло­ги­ја­та на газ­да­та, кој, пак, по­тоа бо­га­то ги на­гра­ду­ва. Единс­тве­на­та раз­ли­ка ме­ѓу де­мон­стра­ци­и­те на Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци во САД и на тие во Ма­ке­до­ни­ја (освен за ви­си­на­та на днев­ни­ци­те) е во пра­кти­ку­ва­ње­то де­мо­кра­ти­ја на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции и во ре­ак­ци­и­те на стран­ски­те дип­ло­ма­ти и ам­ба­са­ди. Та­ка, до­де­ка кај нас по­ли­ци­ја­та изи­гру­ва­ше то­пов­ско ме­со за пла­те­нич­ка­та бан­да, по­ли­ци­ја­та во САД во­оп­што не­ма­ше ди­ле­ми да­ли да пре­зе­ме бр­зи и ефе­ктив­ни мер­ки за за­шти­та на др­жа­ва­та и на др­жав­ни­от имот. Ре­зул­та­тот од ин­тер­вен­ци­ја­та на та­мош­ни­те вла­сти е 230 уап­се­ни, кои се­га се со­о­чу­ва­ат со за­твор­ски каз­ни до 10 го­ди­ни или па­рич­ни каз­ни од 25.000 до­ла­ри. А, не де­ка на­ши­те по­ли­цај­ци не зна­ат да рас­чи­стат тол­па ху­ли­га­ни и да го за­шти­тат ре­дот и ми­рот. Тие зна­ат ка­ко да се спра­ват и со мно­гу по­се­ри­оз­ни гру­пи ка­ко онаа од Ди­во На­се­ље. Раз­ли­ка­та е во тоа што ви­стин­ски­от вла­де­тел во САД жи­вее во Бе­ла­та ку­ќа, а не во не­ко­ја од ам­ба­са­ди­те.

За вол­ја на ви­сти­на­та, не слуш­нав­ме де­ка пред Бе­ла­та ку­ќа се со­браа дип­ло­ма­ти за да изра­зат за­гри­же­ност за пра­кти­ку­ва­ње­то на де­мо­кра­ти­ја­та во САД и да ну­дат по­сред­ниш­тво во ре­ша­ва­ње­то на си­ту­а­ци­ја­та. Не­ма­ше ре­ак­ции ни­ту од ов­деш­но­то прет­став­ниш­тво на Со­рос, ни­ту од пре­ка­ле­ни­те бор­ци за чо­ве­ко­ви пра­ва… Не де­ка има што да се за­бе­ле­жи на на­чи­нот на од­бра­на на др­жа­ва­та од пла­те­нич­ка­та ор­да на Со­рос, ту­ку, ед­но­став­но, би тре­ба­ло да ре­а­ги­ра­ат прин­ци­пи­ел­но, на на­чин на кој го пра­веа тоа ту­ка, во сопс­тве­на­та др­жа­ва и врз сопс­тве­ни­от на­род. Та не­ли се за­ла­га­ат за отво­ре­но оп­штес­тво? Свет без гра­ни­ци и со уни­вер­зал­ни чо­ве­ко­ви пра­ва кои ва­жат на се­ко­ја точ­ка на Зем­ји­на­та топ­ка… А Скоп­је, а Ва­шин­гтон… Би тре­ба­ло да би­де исто. Или мо­же­би не, а пла­те­ни­чи­ња? Про­ве­ре­те пр­во во при­рач­ни­кот за на­силс­тва што пи­шу­ва, па по­тоа од­го­во­ре­те!

Им се до­па­ѓа­ло тоа на бор­ци­те на Со­рос кои при­ма­ат астро­ном­ски пла­ти или не, све­тот по 20 ја­ну­а­ри поч­на да се ме­ну­ва. Иа­ко не сме цен­та­рот на све­тот, про­ме­ни­те до­а­ѓа­ат и на­ва­му. Гра­ѓа­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја и све­тот ве­ќе сфа­ти­ја де­ка зад фи­лан­тро­пиз­мот, всуш­ност, се зат­скри­ва опа­сен бер­зан­ски шпе­ку­лант кој па­ти за по­ли­тич­ко вли­ја­ние, кое го на­мет­ну­ва врз вла­ди­те ка­де што има вли­ја­ние или кои со по­мош на сво­и­те гра­ѓан­ски ор­га­ни­за­ции ги до­вел на власт.

Вто­ри­от им­пре­си­вен мо­мент од ина­у­гу­ра­ци­ја­та на Трамп бе­ше по­ја­ву­ва­ње­то на Хи­ла­ри Клин­тон на све­че­на­та це­ре­мо­ни­ја. Гест кој сил­но ја оцр­ту­ва раз­ли­ка­та во по­и­ма­ње и пра­кти­ку­ва­ње на де­мо­кра­ти­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја и во САД. Тој што мис­ли де­ка Зо­ран За­ев има мно­гу по­ве­ќе при­чи­ни од Хи­ла­ри да не го приз­нае по­ра­зот и да се оби­ду­ва да ја за­о­би­ко­ли вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те или е го­лем по­ли­тич­ки на­и­вец или сме­та де­ка се обра­ќа на про­ста ма­са. Хи­ла­ри про­пу­шти мож­ност да го др­жи све­тот на длан­ка. Во бу­квал­на смис­ла! За­ев, пак, ду­ри и да ус­пе­е­ше да се до­гра­би до власт, ќе оста­не­ше са­мо по­трч­ко на ча­до­рот и ни­што по­ве­ќе. Ќе бе­ше рас­трг­нат од оние на кои им ве­ту­ва­ше сѐ и се­што за да ја до­бие нив­на­та под­др­шка.

От­ту­ка не тре­ба ни да се об­јас­ну­ва кол­ку ѝ бе­ше важ­но на Хи­ла­ри да по­бе­ди, а исто­вре­ме­но и те­шко да се со­о­чи со евен­ту­ал­ни­от по­раз. Што по­ра­ди не­за­до­волс­тво­то од лич­ни­от не­ус­пех, што по­ра­ди стра­вот од не­из­вес­но­ста што ја но­си но­ва­та си­ту­а­ци­ја, но и по­ра­ди не­ис­пол­не­ти­те об­вр­ски кон под­др­жу­ва­чи­те, до­на­то­ри­те, ло­би­то… Кол­ку те­шко го при­ми не­о­че­ку­ва­ни­от по­раз нај­до­бро го опи­ша са­ма­та таа, ко­га во сво­јот прв ја­вен на­стап по 8 но­ем­ври приз­на де­ка пр­ви­те де­но­ви по из­бо­ри­те не са­ка­ла да из­ле­зе од сво­јот дом. И од шок, и од срам, и од не­из­вес­ност…

Се­пак, и по­крај сѐ, Хи­ла­ри ре­ши да ги над­ми­не сопс­тве­ни­те стра­во­ви и ди­ле­ми и да ја ис­по­чи­ту­ва вол­ја­та на на­ро­дот за­тоа што тоа е те­ме­лот на де­мо­кра­ти­ја­та.

Поз­на­вај­ќи го де­мо­крат­ски­от ка­па­ци­тет на СДСМ и на не­го­во­то ра­ко­водс­тво, да­ле­ку од умот е да оче­ку­ва­ме во бли­ска ид­ни­на ва­ков гест од Зо­ран За­ев или од кој би­ло од ра­ко­водс­тво­то на опо­зи­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја.

При­чи­на­та ле­жи во де­мо­крат­ска­та зре­лост на по­е­дин­ци­те, но и во де­мо­крат­ски­от ка­па­ци­тет на оп­штес­тво­то во це­ли­на. При­сус­тво­то на на­ста­нот бе­ше на­ви­сти­на бол­но за Клин­тон. Ако ја до­не­су­ва­ше од­лу­ка­та во­де­на са­мо од неј­зи­ни­те чув­ства, си­гур­но не би се по­ја­ви­ла. Но, по­ра­зе­на­та Хи­ла­ри бе­ше свес­на де­ка со не­по­ја­ву­ва­ње­то, освен што ќе ја пре­кр­ше­ше тра­ди­ци­ја­та, ќе по­ка­же­ше не­по­чи­ту­ва­ње на мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни на САД кои го до­не­соа Трамп во Бе­ла­та ку­ќа и ќе пре­диз­ви­ка опас­на по­ла­ри­за­ци­ја на оп­штес­тво­то од ко­ја ни­кој не­ма да има ко­рист. По­да­де­на­та ра­ка на пре­тсе­да­тел­ски­те кан­ди­да­ти впро­чем бе­ше сиг­нал, по­вик за единс­тво и сми­ру­ва­ње на стра­сти­те кои кул­ми­ни­раа во же­сто­ка­та пре­тсе­да­тел­ска кам­па­ња.

Кај нас, пак, не са­мо што че­сти­та­ње­то на по­бед­ни­кот е мис­лов­на имен­ка за опо­зи­ци­ја­та, ту­ку им пре­рас­на во тра­ди­ци­ја не­приз­на­ва­ње­то по­раз и не­ги­ра­ње­то на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти. Ни­ско­то ни­во на по­ли­тич­ка свест и кул­ту­ра кај по­ли­ти­ча­ри­те од ка­ли­ба­рот на За­ев сил­но не­га­тив­но вли­јае врз единс­тво­то кај гра­ѓа­ни­те, а со тоа се­ри­оз­но се за­гро­зу­ва­ат и на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си на др­жа­ва­та. Но, кој би мо­жел да му го об­јас­ни тоа на чо­век што ги про­да­ва сопс­тве­ни­от на­род и др­жа­ва са­мо за да се спа­си од од­го­вор­ност за сво­јот кри­ми­нал и по­греш­ни по­ли­тич­ки од­лу­ки!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top