Франција е првиот финалист на 25.Светско ракометно првенство. Во полуфиналето, пред 15.600 гледачи во „Берси“ Арената во Париз, „триколорите“ ја победија Словенија со 31-25 и во финалето во недела ќе се борат за одбрана на титулата против победникот од второто полуфинале меѓу Хрватска и Норвешка што ќе се одигра утре.
Уште од самиот старт на мечот Францијаја зема играта во свои раце и мирно ја држеа против „воините“ на Веселин Вујовиќ кои храбро се бореа, но немаа сила да го изненадат големиот фаворит за тронот. Кога се градеше резултатската разлика фантастичен беше голманот Винсен Жерар, кој забележа четири интервенции во воведните 10 минути и го водеше својот тим до посакуваниот триумф. Сепак по негативата од 6-2 избраниците на Веселин Вујовиќ успеаја да се вратат во игра, постигнаа три гола во серија и имаа напад за изедначување. Сепак, Франција остана во позитива. Серијата грешки и неискористени шанси на Словенците, експресно беа казнети од „експертиет“ кои одново се одлепија, а на одмор змаинаа со предност од 15-12.
Капитенота, Вид Кавтичник, со два гола во серија го отвори второто полувреме и одново ја приближи Словенија на 16-14. За разлика од претходните натпреври на кои контрата им беше главно оружје, во овој дуел играа на подолг нашад, но тешко доаѓаа до реализација, посебно од надвиорешните бековски позиции, посебно од левата страна. Расположениот Винсент Жерар на голот на Франција и задаваше уште поголеми проблеми. На другата страна, Французите влегоа во ритам, погодуваа од сите позици и покрај солидното издание на Матевж Скок (10 одбрани) на словенечкиот гол. Словенците се бореа до крај, но не можеа да се носат рамноправно со доминантниот франциски состав. И на крај заслужено им ја честитаа победата.
Недим Ремили постигна шест, а Валентин Порт беше стрелец на пет гола за репрезентацијата на Франција. Жерар го заврши со 16 однбрани и со титула играч на натпреварот. Во словенечкиот состав најефикасен беше Јуре Доленец со пет погодоци.
Второто полуфинале меѓу Хрватска и Норвешка се игра утре со почеток во 20.45 часот, а големото финале е в недела во 17.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.