| четврток, 6 декември 2018 |

22-годишно момче-бегалец се удавил во Венеција, минувачите се смееле и снимале со телефони

Отворена е истрага откако бегалец од Африка се удавил во Венеција, додека минувачите само гледале и снимале со мобилните телефони. На снимката се гледа како 22-годишно момче од Гамбија, Патех Сабали во еден од венециските канали.

Кон него биле фрлени три гуми за спасување, но изгледа како да не сакал да ги фати, па не е невозможно да сакал да изврши самоубиство.

Во секој случај, никој не се обидел да му помогне.

Шефот на италијанското здружение на спасувачи Дино Басо изјавил: „Не сакам никого да обвинувам, но најверојатно можеле да направат повеќе за да го спасат“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Сабали имал дозвола за престој во Италија и дека пристигнал од Африка пред две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top