| четврток, 6 декември 2018 |

Доленец: Не сум млад, не знам дали ќе имам ваква шанса другпат во животот

Словенија вечерва се надева на мало чудо, доколку сака да игра во големото финале на Светското ракометно првенство. На патот до истото им стојат големата Франција и Никола Карабатиќ, кои не знаат за пораз во досегашниот тек на натпреварувањето.

Еден од подобрите поединци во словенечката репрезентација, 28-годишниот Јуре Доленец, кој од следната сезона ќе треба да му биде соиграч на нашиот Кире Лазаров во Барселона, испрати емотивна порака до своите соиграчи пред денешниот историски меч:

– Не сум најмлад, па не верувам дека ќе имам нова шанса за медал на едно вакво натпреварување. Сега имаме голема шанса да стигнеме до значаен резултат, и мислам дека треба да заборавиме на притисокот, и да притиснеме од самиот старт, затоа што не сакам повторно да бидам на четвртото место. Доколку покажеме што знаеме, многу убави работи ќе ни се случат.

Словенците предводени од Веселин Вујовиќ ја поминаа зацртаната цел, а тоа беше пласман во четвртфиналето. Со оглед на младоста на репрезентацијата, местото во најдобрите четири светски ракометни сили е голем успех, а освојувањето на медал ќе биде историско достигнување за Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top