| четврток, 6 декември 2018 |

Џаро: Сомнителен натпревар на македонската репрезентација лежи во фиоките на УЕФА

Кралот на местенките, Велибор Џаровски Џаро за српски Блиц тврди дека на балканските простори се уште се местат фудбалски натпревари.

–         Невозможно е претходните 50 години да се местеле натпревари, а во последните години да се промениле работите. Не мора да бидат наместени 20 натпревари, доволно е три да се наместат за да се реши кој е шампион, а кој ќе испадне. Тоа веќе е нерегуларно. Ни Србија не се разликува од остантите земји кои се создадоа по распадот на Југославија. Убедливо најнерегуларно е првенството во Хрватска затоа што нигде нема во иста лига еден клуб со два тима, а тоа се Динамо и Локомотива. Видете што направија минатиот викенд кога изиграа еден во два. Тоа само будалите не сакаат да го видат, вели Џаро за Блиц.

Тој за српскиот весник објаснува како се договараат резултатите на натпреварите.

Постојат наместени натпревари и во тоа се вклучени сите и управи и стручни штабови и играчи. За наместените натпревари знаат само неколку играчи. Кој го прави тоа денес? Сите! Местат политичари кои се на власт вклучени во работата на клубовите. Тие го прават тоа за сопствена промоција. Можно е најдобриот играч на теренот да намести натпревар. Тој што знае да гледа лесно може да утврди дека натпреварот е наместен. Тренерите? На нив им е најлесно да наместат. Доволно е да не стават во тимот три играчи или да стават неколку играчи на погрешни позиции и тоа е веќе наместено. Ќе ви дадам пример. Еден македонски селектор така направи тим, па во обложувалница коефициентот нагло порасна за 4+, а резултатот на крајот беше 4-0. Приказната стигна до УЕФА, беа нејзини претставници во Скопје. Тој случај се уште е во истрага, но е затрупан во некоја фиока, вели Џаро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top