Тимот на Палермо кој е во исклучително тешка ситуација во Серија А го одбра тренерот кој треба да ја промени истата, да донесе позитивни резултати со кои клубот би останал во најсилната конкуренција во Италија и наредната сезона.
Таа задача ќе ја има 42-годишниот Уругваец и некогашен предводник на Калјари и Болоња, Луис Диего Лопез. Тој ќе го наследи Еугенио Корини, кој поднесе оставка по слабите резултати.
Договорот на Лопез со составот од Сицилија е со важност до 30 јуни 2018 година. Инаку, екипата во која играат нашите репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски се наоѓа на 19 позиција во лигата, а првиот предизвик за Лопез ќе биде добро да ги подготви своите избраници за тешкото гостување кај Наполи.
Да потсетиме, Уругваецот е четврти тренер сезонава на Палермо, претходно својот престој, освен Корини, го завршија Давиде Балардини и Роберто Де Ѕерби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б