| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија воспостави дипломатски односи со Малта

mk-malta

Република Македонија и Република Малта воспоставија дипломатски односи, што е резултатот од интензивната комуникација во текот на 2016 година на политичко и дипломатско ниво меѓу двете страни, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи.

– Ова е од исклучителна важност поради тоа што Република Малта и Република Кипар беа единствените две држави членки на Европската Унија со кои Република Македонија досега немаше воспоставено дипломатски односи, дури и по 26 години од независноста. Воедно, се работи и за земја членка која во моментов претседава со Европската унија, стои во соопштението.

Чинот, се наведува, е проследен и со предлог за именување нерезидентен амбасадор и упатување на македонски дипломат во Ла Валета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top