| четврток, 6 декември 2018 |

Млад спортист загина на Малта: Никола се удавил обидувајќи се да се качи на чамец

Трагична несреќа се случила минатата недела на Малта во која младиот српски спортист, Никола Стојановиќ (29) се удавил откако се обидел да се качи на еден од чамците на марината.

Тој бил еден од најдобрите српски спортисти во американски фудбал, а медиумите на Малта јавуваат дека само еден час пред несреќата бил забележа на марината во алкохолизирана состојба.

– Беше еден од најдобите европски играчи на американски фудбал на својата позиција. Многу ќе ни недостасува, изјавил Џејмс Фајед, тренер на „Блу Драгонс“ – тимот за кој настапувал Стојановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top