| четврток, 6 декември 2018 |

Србин на Малта со нож го нападнал милионерот Хуго Четкути (видео)

Борис Чмелик (35) од Србија е уапсен поради сомневање дека со нож го ранил и тешко повредил малтешкиот бизнисмен и милионер Хуго Четкути.

Србинот пред суд се брани со молчење, а причините за нападот засега не се познати.

Како што пишуваат  медиумите на оваа земја, настанот се случил пред еден од хотелите на Четкути. Србинот му пришол на богатиот стопанственик, го прегрнал и го прободел со нож, по што избегал.

Четкути почнал обилно да крвари од стомакот, а потоа веднаш е префрлен во болница. Неговата состојба е тешка, но стабилна, пренесуваат малтешките медиуми.

Четкути е малтешки претприемач кој кон крајот на 80-тите го отвори својот прв музички клуб во Пачевил – Малта. Денес тој поседува различни пабови, ресторани и места за забава. Но, бројни написи по медиумите го опишуваат Четкути и како многу контроверзна личност, која сака да е фали со своето богатство, моќ и влијание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top