Хрватската тенисерка Мирјана Лучиќ-Барони се пласира во полуфиналето на Австралија опен, по победата над петтата светска тенисерка, Каролина Плишкова од Чешка со 2-1 (6-4, 4-6, 6-3) во сетови.
Иако има 34 години, Лучиќ-Барони го оствари најголемиот успех во кариерата и по вторпат ќе игра во полуфиналето на еден гренслем по полуфиналето на Вимблдон во 1999 година.
Серена Вилијамс ќе биде противничка на Лучиќ Барони во полуфиналето, отмајо ја совлада Британката Џоана Конта со 2-0 во сетови (6-2, 6-3).
Американките Коко Вандевеј и Венус Вилијамс го сочинуваат вториот пат од полуфиналето во Мелбурн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.