Претставниците на косовските опозициски партии Самоопределување, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово повикаа денеска на прекин на дијалогот со Белград, јавија приштинските медиуми. На конференцијата за новинари во Приштина, претставниците на трите опозициски партии наведоа дека косовскиот премиер Иса Мустафа и претседателот на Косово Хашим Тачи немаат кредибилитет за водење на разговорите меѓу Приштина и Белград без согласност од косовскиот Парламент.
-Како е можно лидерите на земјите да прават компромиси за Косово без договор со нас, собранието, опозицијата. Ние за денешниот состанок во Брисел дознавме од медиумите- истакна потпретседателот на Самоопределување Глаук Коњуфца.
Претставниците на опозицијата укажаа дека им недостасуваат девет потписи од пратеници со цел да свикаат итна седница на косовскиот Парламент на која би се зборувало за дијалогот со Белград. Тие ги повикале пратениците на владејачката коалиција да се приклучат на иницијативата, пренесува Танјуг.
Високите претставници на Белград и Приштина вечерва во Брисел ќе разговараат за конкретните работи и важни прашања, бидејќи е важно да се потврди ангажманот и обврските на двете страни во дијалогот, изјави претходно денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Кацијанчиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба