Англискиот премиерлигаш Вест Бромвич Албион сака да го задржи македонскиот интернационалец Горан Попов, а дали левиот бек ќе остане на „Хауторн“, зависи од преговорите со Динамо Киев. Попов е играч на украинскиот клуб, на позајмица во ВБА.
„Планираме да се состанеме со челниците на Динамо Киев, за да се обидеме да гои задржиме Попов. Му истече периодот за позајмица, и сега од условите што ќе ги понуди Динамо Киев зависи дали ќе го откупиме договорот што го имаат со Горан“, изјави спортскиот директор на ВБА, Ричард Гарлик.
Тој се надева дека и извонредниот белгиски напаѓач Ромелу Лукаку, ќе остане во клубот, иако шансите се минимални. И стрелецот на хет-трикот против Манчестер јунајтед во последното коло, и најдобар стрелец на ВБА, сезонава, има ист статус како и Попов. Тој е позајмен играч од Челси и речиси сигурно тимот од Лондон ќе го повлече назад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)