Шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис денеска изрази жалење бидејќи од сајтот на Белата куќа ја нема повеќе верзијата на шпански јазик, што беше отстранета по стапувањето на должност на претседателот Доналд Трамп.
– Ние жалиме оти шпанската верзија на тој сајт е укината, се плашиме дека тоа не е добра идеја, истакна Дастис пред новинарите во Барселона.
Белата куќа не даде никакво објаснение по тоа прашање. Засега не е јасно дали ќе биде поставена нова верзија на шпански јазик.
– Бидејќи во САД има 52 милиони лица кои говорат шпански јазик, откажувањето на таков инструмент за комуникација не е добра идеја, нагласи шпанскиот министер за надворешни работи.
Имено, 17,6 отсто од населението во САД зборува шпански јазик, покажуваат податоците на Службата за пописи, односно хиспанската популација во САД достигна близу 57 милиони лица, што ја прави најголема малцинска заедница во земјата со 320 милиони жители.
Шпанската верзија на сајтот на Белата куќа постои од 2009 година, и беше воведена во мандатот на Барак Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тројца војници отстранети од должност во Белата куќа поради „несоодветен контакт со странки“
-
Едвај чекам да стекнам спомени во нашата нова куќа-ова е погледот од Белата куќа во кој уживаат новите станари!
-
Меланија попушти, влезе во Белата куќа (Фото)
-
Меланија конечно ја донесе одлуката на која долго се чекаше