| четврток, 6 декември 2018 |

Плакарите на „Икеа“ усмртија три деца, семејствата ќе добијат 50 милиони долари

Шведската компанија за мебел „Икеа“ ќе исплати 50 милиони долари на семејствата на трите деца од САД, кои смртно настрадаа при превртување на плакар од нивната колекција.

Парите во еднаков износ ќе им бидат исплатени на семејствата, а компанијата ќе донира и 250.000 долари за детски болници и непрофитни организации за заштита на деца, соопшти адвокатската фирма Фелдман Шепард која ги застапува семејствата.

Шведската компанија потврди дека е постигнат „привремен договор“ , но понатаму не ги коментира освен дека договорот не е судски уште потврден.

Според објавите на сајтот на Икеа изгледа дека плакарите Малм се поврзани со четири несреќни случаи со смртен исход, поради што компанијата од пазарот повлекла 29 милиони комоди и плакари.

„Повлечените производи се нестабилни ако не се примерно прицврстени за ѕидот и претставуваат сериозна закана поради можно превртување како последица на што може да настрадаат деца“, велат од таа компанија.

Како дел од постигнатиот договор Икеа ќе го зголеми финансирањето на програма за подгигање на свесноста за ризик поради превртување на мебел и во САД ќе продава само комоди и плакари кои ги исполнуваат безбедносните стандарди, се наведува во соопштението на фирмата Фелдман Шепард.

Претходно овој месец Икеа објави речиси 20% зголемување на годишниот профит на 4,5 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top