| четврток, 6 декември 2018 |

Што ќе работи Меланија следниве четири години?

Meланија Трамп е втората американска прва дама која не е родена во САД, после Луиз Адамс, сопругата шестиот претседател Џон Квинси Адамс, која била Англичанка.

Претходничките на Словенката, Хилари Клинтон и Мишел Обама, пред влегувањето во Белата куќа веќе имаа успешни правнички кариери, а и Лора Буш, исто така, можеше да се пофали со своето образование.

Меланија не ги заврши студиите на Универзитетот во Љубљана, но како прва дама, сепак, ќе има со што да се занимава. Таа прво ќе помогне на дизајнерскиот тим за зачувување и реставрирање на Белата куќа.

Во едно неодамнешно интервју, таа нагласи дека во 21 век социјалните медиуми имаат големо влијание врз луѓето, но посебно врз децата. Така што, 46-годишната Меланија ќе биде посветена на спречување на сајбер-малтретирањето врз американските деца и тинејџери.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top