| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Само во Катица имам поверење, во друзите јок!

На најновото рочиште за „Поткуп“, во кое лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е обвинет за барање мито од 200.000 евра, неговите адвокати продолжија со непризнавањето на македонските институции. Како секогаш до сега, во манирот на Катица Јанева и неуставното СЈО, и неговите адвокати ја продолжија востановената пракса и одбија да го признаат легитимниот обвинител Владимир Милошевски.

На новинарско прашање зошто сакаат одложување и чуму не го сакаат токму Милошевски, адвокатите одговорија кратко и јасно:

-Оти е од Македонија, ама не нашата. И точка!

Збунетите новинари прашаа како тоа може да биде причина, а Заевите неранимајковци одговорија подготвено.

-Чим е од Македонија, мора да ти биде и дел од некакво злосторничко здружување, тоа е повеќе од јасно. Башка, имаат грдо лице. Се’ што не е со нас, е против нас, макар бил и обвинител, судија, премиер, абе портир да е , ако нема членска книшка на СДСМ, како Јанева на пример, тој е против нас. Пожелно е, за да ги разбие дилемите, да има и уплатница за членарина во СДСМ. Сите други се злосторници, ако не се од СДСМ и одобрени од Сорос, не ги бива! Еве ние сите сме во СДСМ, а Вуиќ ни е гуру и идол! Прекрасен човек и професионалец, исто ко дузина новинари и експерти, алал да им е!

Адвокатите успејаа да избегаат, кога наеднаш од ходникот налета лидерот Заев. Тој веднаш, без прашање, си кажа.

-Сакам да ме судете во Британија, тука не. Јок! Не ги признавам овие институции. Џес ми е малку вон форма со Трамп сега, ама зборев со јасновидецот Гарет, нема да има проблем. Ако Тереза негова се побуни, втора шанса ми е Италија. Новио  нивни амбасадор нешо и не ме сака, ама ако неќе Карло Ромео ќе ми ја нареде струмичкио кореспондент Стојан Витанов. Тука у Скопје не а бива. Или у најлошио случај, искам Катица да стане мој обвинител за „Поткуп“ ко за „Пуч“, па да ме ослободе скроз. У неа имам пуно поверење. Ако така не ја бива, барем ја да си го изберам  специјалниот судија. Не мора и ја де, ете нека го избере Вуиќ.

Заев си кажа, театрална замавна со главата, се сврте и без шанса за некакво прашање  си замина од судот кој до вчера неговите шарени „револуционери“ го бојадисуваа. Извори од екс Бихаќка потврдија за „Минус инфо“ дека  Заев избегал за да не случајно некој го праша за став околу Албанската платформа, за што – како партија која ја овозможи, имале наредба од „чадорот“ да молчат и да се кријат ко одредени органи под кошула.

 

Олаф од „Фрозен“

Олаф од „Фрозен“

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top