| четврток, 6 декември 2018 |

Стигна и признанието за добрата игра, Бојан Трајковски во идеалната петорка на колото во АБА-лигата

bojan trajkovski

Карпош соколи во Јадранското натпреварување не знае за пораз кога станува збор за натпреварите кои ги игра во Скопје. Вториот македонски претставник во регионалната АБА лига ја запиша и седмата победа по ред на домашен терен против градскиот ривал МЗТ Скопје.

Избраниците на Драган Николиќ не дозволија „металците“ да ја запишат првата победа на гости и со одлична одбрана во последните две минути го одлучија победникот.

Еден од најзаслужните за победата беше репрезентативецот на Македонија Бојан Трајковски кој оствари дабл-дабл ефект од 17 поени и 12 скокови. Благодарение на одличната партија, македонскиот репрезентативец се најде во идеалната петорка на изминатото 19. коло во АБА лигата.

Најкорисен играч е Антабија Валер од Морнар кој имаше индекс на ефикасност од 34 на антпреварот против Будуќност. Матиц Ребец од Крка имаше најмногу асистенции во изминатото коло (9), а најуспешен крадец е Огњен Кузмиќ од Црвена звезда со пет украдени топки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top