| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс и Конта се пласираа во четвр-финалето

serena vilijams

Фаворитките Серена Вилијамс и Џоана Конта се пласираа во четврт-финалето на Австралија опен откако без загубен сет ги добија мечевите од осминафиналето. Најтрофејната светска тенисерка, која е уште активна, Серена Вилијамс ја совлада чешката тенисерка Стрицова со 2-0 (6-4, 7-5) во сетови.

Меѓу осумте најдобри се пласира и Џоана Конта од Велика Британија, која во два сета славеше против Русинката Макарова со 6-1, 6-4 за еден час игра. Големо изненадување е пласманот во четвртфиналето на Хрватката Лучиќ-Барони, која беше подобра од Брејди од САД со 6-4, 6-2.

Последниот меч од осминафиналето ќе го одиграат Плишкова и Гаврилова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top