| четврток, 6 декември 2018 |

ИХФ: Вонсерискиот цепелин на Манасков и Георгиевски најубав потег досега на СП!

Македонската ракометна репрезентација со вчерашниот пораз од Норвешка во осминафиналето го заврши својот настап на Светското првенство во Франција. Избраниците на Лино Червар одиграа одличен турнир и на ниту еден меч не ги разочараа македонските фанови.

На овој Мундијал нашите ракометари остварија две победи (Тунис и Ангола), едно реми (Исланд) и три порази (Словенија, Шпанија и Норвешка), а атракциите беа присутни скоро на секој меч. Па така по завршувањето на првата фаза од овој турнир ИХФ ги избра најубавите потези во групната фаза, а на првото место се најде вонсерискиот цепелин на нашите крила, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, на мечот против Исланд.

rakomet

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top