| четврток, 6 декември 2018 |

На САД им се случува Македонија: Последните крици на шарените платеници (Фото)

На САД им се случи Македонија: запалени контејнери, искршени излози, разулавена толпа на улиците на Вашингтон.

makedonija-sad-1-640x320

Дури и на прв поглед може да се забележи неверојатна сличност на начинот на протестирање на кој бевме сведоци и жртви неколку месеци во пролетта 2016 година. Истата шема, истите пароли, истата кулминација и на крајот истата цел.

makedonija-sad.jpg2_

Активистите на невладините организации кои се под контрола на контроверзниот бизнисмен Џорџ Сорос и демократскиот естаблишмент, во нивната земја се односуваат исто како соросовите организации во Македонија – не ја признаваат волјата на граѓаните и убедливата победа на Трамп со над 70 изборни поени разлика.

makedonija-sad.jpg1_

Американската полиција не дозволи „Шарена револуција“ во САД, откако во првиот ден на новиот претседател уапсени се 217 хулигани на Сорос кои насилно протестираа против неговата инаугурација.

-Властите во Вашингтон нема да толерираат насилство од страна на учесници во собирите против Доналд Трамп, изјави градоначалникот на главниот град Муриел Баузер.

protesti.jpg23

Обоените револуции, кои за прв пат се појавија во Србија во 1999, истите структури ги организираат на сите светски мередијани. Грузија, Украина, арапските земји, Израел, Бугарија и Македонија се само мал дел од земјите-жртви на овие обоени револуции, кои не носат никаква слобода туку исклучиво личен профит на нивните финансиери.

police-17

Се чини, македонското сценарио се повторува во Америка. Исто како деновиве во САД, во Македонија веднаш по изборите во 2014 соросовите структури почнаа со организирањето на обоената револуција. Во периодот што следуваше опозицијата ги лансираше т.н. бомоби по кои почнаа протестите финансирани од Сорос. Во целата операција беше вклучена и белградската агенција Канвас, за која подробно пишувавме. Постојат документи кои потврдуваат дека на различни локации ги тренирала активистите за претстојните протести. Овие протести кулминираа со таканаречената Шарена револуција, која во главниот град на Македонија нанесе милионски штети. Освен од СОРОС, овие активности беа финансирани и од американската државна агенција УСАИД, за која Доналд Трамп најави дека целосно ќе и го скрати буџетот за вакви активности.

police-16

Аналитичарите веќе коментираа дека ерата на обоените револуции по се изгледа ќе заврши во Америка со победата на Доналд Трамп, кој ќе го спречи ваквото криминално делување. Протестите во САД се само последниот крик на поразените елити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top