Том Форд е еден од повеќето модни дизајнери, кои одбија да работат за Меланија Трамп, идната прва дама на САД, а сега на тоа реагираше и самиот американски претседател Доналд Трамп.
– Ме замолија да ја облекувам Меланија уште пред неколку години и јас одбив. Не се вклопува во моите визии, изјави модниот креатор за списанието „Вју“, додавајќи дека на американските претседателски избори гласал за Хилари Клинтон, противничката на Трамп.
– Првата дама би требало да носи достапна облека, со цена поприфатлива за просечните Американки и облека што е произведена во нашата земја. Мојата облека се изработува во Италија и е многу скапа. Мислам дека првата дама треба да ги претставува сите луѓе, изјавува сега тој за „Ел“.
Секако, Трамп не остана рамнодушен, па во емисијата „Фокс и пријателите“ категорично ги негираше овие наводи.
– (На Меланија) не и се допаѓа неговата облека, дизајнот. Ниту пак јас сум негов фан, рече Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.