| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Нема што да загубиме, можеме само да испишеме историја

kire lazarov 1

Кире Лазаров на претходните два мундијали ја предводеше Македонија до осминафиналето, но „црвено-жолтите“ не успеваа да ја минат првата пречка во нокаут фазата. Денеска предизвикот е ист, репрезентацијата ни е со изменет и значително подмладен состав, а проблемите се уште поголеми по повредата на Дејан Манасков, како и неизвесниот настап на Филип Миркуловски.

– Покажуваме и карактер и квалитет на овој светски шампионат. Ги знаеме квалитетите на оваа репрезентација, сметам дека е поквалитетна од онаа на Исланд, а воедно е и поискусна за едно големо натпреварување во однос на ЕП во Полска. Како и да е, ние влегуваме во овој натпревар свесни дека немаме што да загубиме, а можеме да испишеме историја – доколку за првпат се пласираме во едно мундијалско четвртфинале – изјави капитенот Лазаров.

Нашиот најдобар ракометар постигна 12 погодоци на последниот дуел со Норвешка во Краков, а за изненадување во денешното осминафинале ќе биде неопходно тој да биде во сличен ритам, особено ако се земе во предвид фактот дека дури и доколку игра Миркуловски, средниот бек тешко дека ќе може да го даде својот максимум со оглед на незгодната повреда на мускулот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top