Модните стручњаци во последно време се многу ангажирани во оценување на модниот вкус на Меланија Трамп, првата дама на Америка, но Иванка Трамп успеа да ја засени ден на инаугурацијата.
Вечерната тоалета што ја носеќе ќерката на Трамп на свечената вечрера во Вашингтон, која се одржа вечерта пред инаугурацијата, веќе два дена е главна тема на мајтапење на социјалните мрежи.
За свечената пригода Иванка избрала долг бел фустан од Каролина Херера со црн појас кој на грбот се врзува во голема машна. Некои би рекле класика, но други модна катастрофа.
„Кому му стои подобро, на Иванка или на нсвадбен стол?“, е еден од подуховитите коментари на инстаграм. На други, пак, фустанот им личи на есцајг во салфетка.
За разлика од Иванка, златниот фустан на Меланија сите го пофалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.