Раководството на МЗТ Скопје во пред истекот на преодниот рок во регионалната АБА лига одлучи да ги засили своите редови со Девон ван Острум. Станува збор за бек кој настапува за репрезентацијата на Велика Британија.
Острум во таборот на „металците“ ќе се задржи до крајот на тековната сезона во Јадранското натпреварување со опција за продолжување на соработката до крајот на Суперлигата во домашното македонско првенство.
Тој доаѓа од Короивос за кој настапуваше во досегашниот тек на сезоната, а дебито во „сино-белиот дрес ќе го има в недела против Мега лекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.