Мултимедијалниот проект „Континуум“ на уметникот Игор Јосифов од вчеравечер е изложен во Уметничката галерија во Тетово. Сите љубители на уметноста ќе може да ја погледнат изложбата до сабота, 21 јануари.
„Континуум“ претставува збирка на десетгодишното уметничко творештво на Јосифов, во континуитет продолжува да се прикажува во различни простори и постојано се надополнува со нови дела.
Премиерното прикажување беше на 16 декември во Младинскиот културен ценар во Скопје, а сега продолжува во Тетово. Покрај Тетово, необичниот уметнички израз ќе имаат шанса да го видат и кичевчани на 28 јануари во Центарот за култура „Кочо Рачин“, а на 4 март веќе се сели во Битола во „Магаза“.
Преку делата на „Continuum“, Јосифов презентира десетгодишно истражување, размислување и можностите што оганот како алатка во уметничките перформанси го овозможува за трансформација.
Оганот е неговиот најдобар пријател, но и оружје со кое разоружува емоции и создава уметност.
„Continuum“ содржи уметнички дела на хартија, платно, инсталации, уметнички филмови кои го презентираат неговото творештво и креативен процес.
Јосифов е уметник со потекло од Кавадарци, Македонија, но животниот пат го носи до постојано живеалиште во светскиот центар Сан Франциско.
Ова е ретка и уникатна можност да се видат неговите дела на нашата територија, а токму оваа изложба првенствено се презентира кај нас, а во април 2017 година ќе отпатува за Чикаго и ќе биде изложена во „Defibrillator Performance Art Gallery“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.