| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка, плаши се, доаѓа Македонија

Македонската ракометна репрезентација уште еднаш ја израдува целата македонска јавност. Нерешениот резултат во последното коло од групата Б против селекцијата на Исланд беше тоа што најмалку можевме да го посакаме. Конечниот резултат што го остварија Македонија и Исланд (27-27) оди во полза на двете репрезентации бидејќи и репрезентацијата на Исланд оствари успех и во осминафинлето ќе игра со домаќинот Франција.

Иако одлично го започнавме мечот набрзина поведовме со 4-0, Исланѓаните се вратија во игра и со серија од 6-0 стигнаа до предност која ја одржуваа се до крајот на првото полувреме (13-15).

kire lazarov

Во второто полувреме Исланд кој стрепеше за својот пласман во следната рунда, бидејќи со пораз ќе ги спакуваа коферите за дома, одлично ги започна вторите 30 минути и набрзина стигнаа до пет голови предност (19-24). Сепак Кире и другарите не се предадоа, решија дека не сакаат да играат со Франција во историскиот меч во Лил пред 27.000 гледачи ги стиснаа забите и покрај повредите на Манасков и Микруловски дојдоа до егал на три минути до крајот на мечот и во последните моменти преку капитенот Лазаров, Георгиевски и Талевски стигнаа до нерешен резултат кој би се рекло дека е рамно на победа.

Како што е и стандардно за нашиот состав најефикасен беше Кире Лазаров со седум погодоци. Одличен меч одиграа и двете крила Георгиевски и Манасов со шест и пет гола.

За првпат на овој мундијал одличен меч одигра и голманот Кирил Колев кој фати 13 топки, дури осум во првото полувреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top