| четврток, 6 декември 2018 |

Шок на Австралија опен: Ѓоковиќ елиминиран од 117. тенисер на светот!

Светскиот тенисер број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на Австралија опен, бидејќи во 2. коло од првиот годинашен грен слем турнир по пет сета голема борба е елиминиран од Узбекистанецот Денис Истомин со 7-6 (8), 5-7, 2-6, 7-6 (5), 6-4.

Кога некој ќе направи 69 неизнудени грешки во еден меч, кога ќе успее да уфрли само 58 отсто од првиот сервис, а не ги користи 60 отсто од своите брејк-шанси, тогаш не може да очекува дека ќе победи.

Узбекистанецот кој е 117. играч на светот одигра маестрално и приреди сензација во Мелбурн каде што го елиминираше шестократниот првак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top