| четврток, 6 декември 2018 |

Срцето му застанало – еве која позната личност му го спасила животот

нада

Нада Топчагиќ до небо и е благодарна на Марија Шерифовиќ бидејќи и го спасила животот на нејзиниот син Мирослав (30). Единецот на пејачката во 2010 година останал жив после тешките повреди кои ги добил за време на скијање на Јахорина. Лекарите два пати го враќале од мртвите, изгубил многу крв и за малку ќе останел без десната нога. Пејачката едвај зборува за овој немил настан, но благодарна е на евровизиската победничка која се понудила да испрати хеликоптер по нејзиниот син за да го префрли во болница.

– На Марија ќе и бидам благодарна додека сум жива. Сите ми се јавија и ми понудија помош – Маринко Роквиќ, Снежана Ѓуришиќ, Гоца Божиновска, но Марија Шерифовиќ се понуди да испрати хеликоптер бидејќи полицијата и војската каснеа. Кога само ќе се сетам колку пеев за полицијата, а тие вака да ми вратат. Затоа и благодарам на Марија за тој гест – раскажала Неда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top