Пејачката Нада Топчагиќ ниту ден денеска не може да го преболи убиството на својата блиска пријателка, пејачката Јелена Марјановиќ.
Тие двете беа многу блиски, редовно се посетуваа и одеа една кај друга на прослави. Потоа се случи страшната трагедија и година дена подоцна не се знае кој ја убил Јелена. Топчагиќ се уште се тресе кога ќе се присети што се доживеа нејзианта Јелена. Иако помина многу време, Нада и натаму живее со уверување дека Јелена еден ден ќе ја посети.
-Јас мислам дека Јелена е жива. Таа секако е жива во мојата глава. Се мислам дека од некаде ќе се појави, вели Нада за „Ало“.
Сепак како што го изговара тоа, Нада и самата станува свесна дека нема да се случи тоа и тивко додава:
-Но никогаш ништо нема да се дознае. Кога одма не се дозна, нема да се дознае ниту по година дена, вели Топчагиќ.
Срцето на Нада препукна од болка кога умре Јелена, а нејзината тага е уште поголема со оглед на тоа дека Марјановиќ зад себе ја остави ќеркичката Јана.
-Тага ми го обзеде срцето. Со денови плачам. Тоа е голема трагедија. Ја запознав Јелена кога имаше 13 години. Пеев во кафеана во Борча кога татко и ја донесе на мојот настап. Ме праша дали може девојчето нешто да отпее и јас се согласив. Почнаа да пее песни од Драгана Мирковиќ и Цеца и ја се воодушевив, колку добро пееше. Таа беше извонредна пејачка и човеќ. Оттогаш редовно се слушавме и гледавме. Таа наполни 32 години, а вие сметајте колку се знаеме, раскажа Нада.
Нада и Јелена снимија и дует, кој никогаш не е објавен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.