Зорица Марјановиќ, свекрвата на убиената пејачката Јлеена Марјановиќ, исклучително е ценета и позната во естрадните кругови по своите надреални моќи, со кои ги лекувала пејачите, водителите и актерите.
Пејачката Нада Топчагиќ прераскажала сеанса со Зорица за која тврди дека е вистинска исцелителка и дека нема врска со гатање и вражбини.
-Пред 20 години ми го излекува стомакот. Но пред извесно време имав јаки болки и вртоглавици и не знав каде да одам и што да правам. Покојната Јелена ме наговори да појдам кај нејзината свекрва за да ми помогне. За свети Архангел на слава кај нив, пред сите гости ми ја стави рака на вратот, а другата ја стави на иконата. Болката буквално ми помина за пет минути – изјавила Нада за медиумите.
На списокот на естрадните ѕвезди на кои им помогнала Зорица се: Лепа Брена, Ана Бекута, Нада Топчагиќ, Инди, Маја Маријана, Дејан Пантелиќ како и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.