| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока тепачка: Фолкерите Маринко и Нада се испотепале во Ново Село

Се истепавме. Таа ме маваше. Ми го повреди колкот, рамото ми го исчаши. И ден денес одам на терапии за тоа, се пожалил Роквиќ од колешката

Тепачката меѓу фолкерите Маринко Роквиќ и Нада Топчагиќ е една од оние кои не се забораваат. Настанот се случил пред неколку години ви Ново Село кај Загреб, каде што двајцата биле на турнеја.

Кога се подготвувале да појдат во друго место, Нада на деца им давала автограми, а Маринко ја повлекол за коса.

-Додека давав автограми на деца пред комбито, Маринко хистерично ме повлече за коса и почна да вика: „Што не задржуваш и глумиш лудило со тие слики?“ Се завртев и му реков: „Што сакаш ти, жабо надуена?“и го клицнав во потколеница. Се степавме, па продолживме да се удираме со тупаници додека Бора Дрљача не не раздвои.

Убаво ме истепа тогаш, не се штедеше иако сум женск., Сакав да ја напуштам турнејата, но ме убедија да продолжам. Сакав и да го тужам, но веќе беше доцна кога се вративме во Србија, повредите се залекуваа, раскажува Топчагиќ.

Се жалел и Маринко.

-Се истепавме. Таа ме маваше. Ми го повреди колкот, рамото ми го исчаши. И ден денес одам на терапии за тоа, се пожалил Роквиќ од колешката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top