| четврток, 6 декември 2018 |

Од Илинден на Водици: Аболициите на Заев признание за криминалите

Додека заслужните граѓани добиваат признанија и одликувања на големите празници, криминалците од ковот на Заев добиваат аболиции. Еднаш амин од Црвенковски за Илинден, сега амин од Јанева за Водици.

Во 2008 струмичкиот криминалец беше аболиран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, а денеска за него одработува цела машинерија од амбасадори затскриени во Тројанскиот коњ во правниот систем – јавното обвинителство формирано специјално за да му го штити грбот на Заев и да го донесе СДСМ на власт.

Наместо крај на политичката кариера, Зоран Заев е единствениот политичар на кого аболицијата му донела естрадна слава. Од друга страна, постапката на СЈО и не е изненадување, имајќи предвид дека СЈО прво го ослободи од обвинението Зоран Верушевски, додека Заев срамно избегнува да се појави на судски рочишта приложувајќи небулозни оправдувања за отсуството.

Помилувањето доаѓа природно на понижувачкиот однос на СЈО и осомничениот Заев кон судскиот систем.
Очигледно е, а секојдневно излегуваат нови непобитни докази дека СЈО не е формирано за да го испита криминалот кој произлезе од снимките што ги емитуваше Заев како бомби, туку за да го заштити него во случајот „Пуч“. СЈО го повлекува обвинението за кое има непобитни докази и лице кое го признало делото и одлежало затворска казна.

Звонко Костовски, инспекторот од УБК, обвинет за шпионажа и неовластено снимање, во случајот „Пуч“ доби казна затвор од 3 години. Тој е единствениот обвинет во аферата „Пуч“, кој издржуваше затворска казна, откако го призна делото и се спогоди со обвинителството. Казната му беше прекината откако доби помилување од претседателот Ѓорге Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top