| четврток, 6 декември 2018 |

„Лимак Холдинг“ беше единствен што лицитираше и ја доби организација на завршницата од Купот

petar naumoski

Турската компанија „Лимак Холдинг“ како единствен учесник на лицитацијата за организација на завршниот турнир од Купот на Македонија ги откупи правата за организација.

На лицитацијата во куќата на кошарката претседателот на МКФ Петар Наумоски официјално на генералниот директор Лимак Скопје, Мурат Јурдал му се заблагодари за тоа што оваа светски реномирана компанија прифатила да биде организатор на Кошаркарскиот Куп на Македонија. На лицитацијата присуствуваше и комесарот за натпреварување во МКФ Владо Цветковски. На Лимак Купот на Македонија 2017 кој ќе се одржи од 17. до 19. февруари 2017 година ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дела на првенството во Првата женска лига.

Организаторот дополнително ќе одлучи во кој град ќе се одржи завршницата од Купот кој оваа година ќе го носи името Лимак Куп на Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top