| четврток, 6 декември 2018 |

Француски новинар ја открива вистинската причина зошто Паје сака да го напушти Вест Хем

Еден од најугледните француски новинари, Јулијан Лауренс, синоќа објасни зошто најдобриот фудбалер на Вест Хем, Димитри Паје, не сака повеќе да настапува за клубот и што поскоро сака да ја напушти Англија.

– Паје никогаш не се снајде во Англија. Знам дека нема да ми верувате во ова, но иако тој потпиша нов петгодишен договор за повисока плата, не е среќен во Лондон, поради проблемот со адаптацијата на својата фамилија. Поточно, неговата сопруга и двете деца не беа задоволни од животот во Лондон и веќе се вратија во Франција каде бараат нов дом, а најверојатно и фудбалерот за брзо ќе им се приклучи – открива Лауренс.

Исто така, францускиот новинар тврди дека парите не играат никаква улога во оваа одлука на Паје, и дека репрезентативецот на Франција се надева дека Вест Хем ќе попушти и ќе го одобри неговиот трансфер во Марсеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top