| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија по четврти пат успеа да ја мине групната фаза на мундијалите

makedonija rakomet 1

Македонската ракометна репрезентација по четврти пат од пет обиди ја минува групната фаза на едно Светско првенство. На две кола до крајот на овогодинешниот мундијал веќе ја осигура осминафинлната виза и сега и останува само да се обиде да го поправи пласманот со цел да добие полесен противник во осминафиналето и да го избегне домаќинот Франција.

Само во Египет во 1999 година на нашето прво учество на еден Мундијал по првата фаза се вративме дома. Тогаш репрезентацијата на Нишевиќ и Стефановски ја победи само Саудиска Арабија, а загуби од Германија, Куба, Бразил и Египет. На крајот на тоа првенство Македонија го зазеде 18. место.

Во Хрватска во 2009 година, водени од Илија Темелковски ја минавме групната фаза во Вараждин со победи над Алжир, Полска и Русија и порази од Тунис и Германија. Подоцна на шампионатот завршивме на 11. место.

Во Шпанија во 2013 година нашата селекција ја водеше Шундовски, а во групата во Севиља бевме подобри од Катар и Чиле, ремизиравме со Русија, но загубивме од Исланд и Данска. На крајот бевме пласирани на 13. место.

Пред две години во Катар со Ивица Обрван како селектор, Македонија во групната фаза ги совлада Тунис, Австрија, БиХ и Иран, а загуби од Хрватска. Подоцна шампионатот го завршивме на 9. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top